Project Description

На BeInvisible патување со Викторија Лоба

До пред неколку години имав навистина идеално и правилно подредени заби, но кога ми изникнаа умниците ми се случи изместување и тоа најпогодени беа токму најважните, предните заби. А многу ми е важно да имам совршена насмевка, особено ако се земе предвид и мојата професија. Вака популарната пејачка Викторија Лоба ја почнува својата приказна за искуството со брендот на невидливи алајнери BeInvisible, кој сè почесто е прв избор на сите оние кои имаат потреба од подредување на забите или корекција на загризот.

– Со  мојот стоматолог тогаш се договоривме да ставиме невидлива пломба и да го маскираме проблемот, да изгледа дека забите се правилно подредени, додека најдеме вистинско решение. Тоа решение не е трајно, но фиксна протеза едноставно не ми беше опција, прво поради тоа што би ми пречела во пеењето и во другите активности поврзани со мојата професија, потоа поради болката и непријатноста, отежнатата орална хигиена и рестрикциите при исхраната – вели Викторија.

Таа била пресреќна кога го пронашла решението што го барала – BeInvisible – систем од невидливи алајнери, кои не се фиксни, ги заменуваат класичните жичени протези, но работата ја завршуваат значително побрзо. Притоа целиот процес е толку едноставен и лесен и воопшто не го нарушува секојдневниот живот на оној што ги носи алајнерите.

Сега, по 6 месеци од почетокот на третманот, Викторија повторно има совршена насмевка, без никаква маска. Колку е лесен и едноставен патот до насмевката што ја посакувате, најдобро можете да видите преку нејзината видеоприказна.

BeInvisible третманот се состои од сет алајнери кои се изработуваат посебно за секој пациент врз основа на отпечатоци или дигитален скен на нивните заби. Движењето на забите се проектира дигитално, без можност за грешка, и благодарение на компјутерската симулација однапред се знае резултатот – по фази и крајниот. На истиот начин се креира и планот на третманот, кој пациентот го добива заедно со алајнерите и кој го води низ процесот на промена од еден до друг алајнер.

Она што пациентите најмногу го сакаат е што можат да продолжат со своите активности без никакво нарушување. Нема болка, нема непријатност и, бидејќи, се невидливи, никој воопшто и не ги забележува. Оној што ги носи може слободно да јаде и да пие сè што ќе посака без воопшто да се грижи за заглавени парчиња храна меѓу жиците – затоа што нема жици. А токму поради ова, социјалниот живот, излегувањата, дружењата, работата… воопшто не трпат.

Сепак, и покрај тоа што алајнерите се вадат и се ставаат лесно, самодисциплината е многу важна, па за да се постигне проектираниот резултат, мора да се носат 20-22 часа дневно. А тоа и не е тешко кога воопшто не ви пречат. Исто така, нема потреба да се грижите околу оралната хигиена, бидејќи по тоа прашање сè останува како и досега, само што овој пат, освен вашите заби, ги миете и алајнерите.

Целиот процес трае пократко отколку третманот со класични протези. Најголемиот број случаи се решаваат за 6 до 9 месеци. Уште една предност е што нема ограничување според возраста, па затоа BeInvisible Clear Aligner System е погоден особено за возрасни лица со динамично темпо на живот.

Веројатно затоа повеќе јавни личности, меѓу кои сестрите Тамара и Тијана, професорката и инфлуенсерка Калтрина Крезиу, повеќе модни блогерки и др., решија да му ги доверат своите насмевки на д-р Илбер Балажи, специјалист по ортодонција кој стои зад брендот BeInvisible во нашата земја, но и во цела Југоисточна Европа.